Повеќе кредити, пониски камати, Владата и НБРМ да подзапрат со ударничкото темпо на задолжување кај стопанството. Пред стартот на новата година, бизнисмените испорачаа листа барања. Во годината што изминува се бореа со дневна ликвидност, малите компании не стасаа ниту до евро, од 100-те милиони евра од Европската банка. Малите и средни претпријатија не можат да ги земат овие кредити, неликвидни се и се отворија за овие големиве претпријатија, гиганти кои што со три кредити ќе ги стопат. Работевме ние како пчели две години и дојде мечката и ни го украде медот. Во второто полугодие следната година, Македонската банка за развој ќе почне и директно да кредитира - приватните банки најавуваат повеќе кредити. Ако до крајот на оваа година ќе зголемиме со зголемено кредитно портфолио во однос на 2009-та со 10 проценти, тој процент очекуван во 2011-та би бил околу 15 проценти.
Повеќе кредити, пониски камати, Владата и НБРМ да подзапрат со ударничкото темпо на задолжување кај стопанството. Пред стартот на новата година, бизнисмените испорачаа листа барања.
Во годината што изминува се бореа со дневна ликвидност, малите компании не стасаа ниту до евро, од 100-те милиони евра од Европската банка.
„Малите и средни претпријатија не можат да ги земат овие кредити, неликвидни се и се отворија за овие големиве претпријатија, гиганти кои што со три кредити ќе ги стопат. Работевме ние како пчели две години и дојде мечката и ни го украде медот“, изјави Златко Калеников, претседател на ССКМ.
Во второто полугодие следната година, Македонската банка за развој ќе почне и директно да кредитира - приватните банки најавуваат повеќе кредити.
„Ако до крајот на оваа година ќе зголемиме со зголемено кредитно портфолио во однос на 2009-та со 10 проценти, тој процент очекуван во 2011-та би бил околу 15 проценти“, рече Јованка Јолевска Поповска, Прокредит.
Фирмите едвај преживуваат, а НБРМ и државата се натпреваруваат кој повеќе ќе собере во записи. Трендот мора да запре, сугерираат и експертите.
„Ако државата се воздржи од издавање државни записи или ги намали износите, банките веќе нема да го имаат тој толкав интерес колку што го има денеска за сите пари, во неограничена количина ги носат кај Народна банка и да запишуваат благајнички записи со каматна стапка од четири посто“, изјави Томе Неновски, универзитетски професор.
Расходи за плати, за непродуктивни проекти, а за стопанството нови давачки - економистите бараат повнимателна буџетска политика.
„Буџетот расте побрзо од порастот на продуктивноста на реалниот сектор во економијата на Македонија. Тоа значи, се поголемо е оптоварувањето за стопанството“, вели Ванчо Узунов, универзитетски професор.
Владата сторила многу да ја подобри економската клима во кризата, се правдаше Ставрески.
„Македонија е земја со најниска стапка во Европа на корпоративен данок од 10 проценти, најниска стапка на персонален данок од 10 проценти и трета најниска стапка на ДДВ со 18 проценти“, изјави Зоран Ставрески, министер за финансии.
Кризата поминува но плаќањето уште оди тешко. Стопанствениците уште еднаш сугерираат Владата да се раздолжува навреме.